Оваа машина служи за миење и сушење на обични и термопан стакла.
Вертикалните машини за миење и сушење на стакло/термопан се состојат од влезен дел, главно тело каде се мие и суши стаклото, и излезен дел. Машините се состојат од 4, 6 или 8 цилиндрични четки со дијаметар 125mm, во најлон, кои постојано се навлажнуваат со вода. Телото на машината е изработено од нерѓосувачки челик, односно галванизиран челик. Исто така има и систем со топлавода кој преку млазници го мие стаклото пред тоа да излезе од телото на машината. Правецот на движење на стаклото се подесува во зависност од потребата. Системот за сушење е составен од четири воздушни компресори за перфектно сушење. Панелот со копшцињата е на предната страна што го прави достапен и лесен за користење.