Фарбара – електростатско фарбање
Нашата фарбара е опремена со опрема од производителот Gема- Швајцарија, чии производи и технологија представуваат врв во електростатското фарбање.
Пред фарбањето се врши хемиска припрема (одмастување и хроматизација) на алуминиумските профили и лимови. Потоа се пристапува кон електростатско фарбање а после тоа бојата се пече во специјална печка.
Во целата постапка на електростатското фарбање се запазени сите светски норми и критериуми.
Тоа отвара можност кај нашите клиенти за избор на боја по желба како од RAL карта така и од специјализираните каталози за бои. Со поседувањето на таа технологија значително се намалува времето на чекање на клиентот за да го добие производот во саканата боја, а со тоа ние, АЛ ДЕМИК, се издвојуваме на Македонскиот Пазар како единствени.