По ваша мерка, еден од најсовршените профилни системи со термички прекини за врати и прозорците. Се издвојува како најпопуларна серија на ALUMIL на домашниот пазарот. Беспрекорно изработен до последниот детаљ, серијата 11000, единствено елегантна и флексибилна (прилагодлива), со модерен и траен дизајн. Системот M 11000 Alutherm Plus е тестиран и доверлив систем за отварање, кој е проучен и дизајниран така да одговара на широк спектар на примена. Сертифициран да ги задоволи сите побарувања на современиот пазар поврзан за топлотна и звучна изолација, како и безбедност. Идеален е за работни и стамбени простори.
Пратејќи ги европските критериуми, ги покрива сегашните и идните начини на работа на врати и прозори, профилот е пластифициран и може да биде во боја по желба од боите на RAL картата, со термички прекин од полиамид со ширина 24 mm на касата и 20 mm на крилото, се остварува зголемена термичка изолација поради што профилот е ставен во категоријата на профили со висока топлотна изолација (група 2.1 К=2.6) сертифициран од страна на межународно признатиот германски институт за квалитет на изолација (запечатување) ITF ROSENHEIM. Максималната тежина на стаклото за врати и прозори е 130кг.
Технички карактеристики на ALUMIL M11000 Alutherm Plus
. длабочина на профилот за каса 62,5 mm
. длабочина на профилот за крило 70 mm
. минимална видлива ширина 86 mm
. минимална видлива ширина на ,,Т” профилот 70 mm
. носивост на механизмот за крило ≥ 130 kg
. дебелина на стаклото ≥ 46 mm
. вид на топлотна изолација – 24mm полиамид за зголемена топлотна изолација
Својства на ALUMIL M11000 Alutherm Plus
. топлотна изолација – EN ISO 10077-2 Uf=2,3 W/m2K
. воздушна непропустливост – EN 12207 – Class 4
. непропустливост на вода – EN 12208 – Class 9A
. отпорност на ветерен притисок – EN 12210 – Class C5