Друштво за производство, промет и услуги “Ал-Демик” ДООЕЛ, увоз-извоз Струмица е основано 1996 година како претпријатие за градежно занаетчиство.
Претпријатието е продолжување на работа на занаетчиска работилница која на пазарот во нашата држава стопанисува од пред 70-те години, со тенденција на постојан раст. Уште како занаетчиска работилница се занимаваше со изработка и монтажа на лимарија и браварија со постојан пораст и развој на истата.
Со истражување во градежното занаетчиство и посета на саеми во оваа област, уште пред 10 години палетата на дејностите е зголемена така да денес друштвото се занимава со широка палета на други дејности во градежното занаетчиство, а чеканот и стругот и други стари алати се заменети со современи машини и алати.
Денес друштвото делува во своето работење на пазарите на Македонија и надвор од државата.
Со цел да се овозможи проширување на дејноста на работењето, да се овозможи вработување на нови кадри, поуспешен настап на европските и светските пазари и вклопување во тековите на слободна пазарна економија, друштвото има визија во иднина да продолжи со развој, а сегашната главна дејност производство и вградување на алуминиумска браварија да ја заокружи со производство т.е. со линија за производство на алуминиумски профили.
Веќе подолг период друштвото ја прати технологијата за производство на алуминиумските профили, во развиените европски земји и пошироко.
Преговарано е, и се во тек, нови преговори со познати производители на таков тип машини.